Интер посакува мала одмазда

102
epa10684279 Rodri (L) of Manchester City celebrates after scoring the opening goal during the UEFA Champions League Final soccer match between Manchester City and Inter Milan, in Istanbul, Turkey, 10 June 2023. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Возбудувањата во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, продолжуваат и денеска со новите шест натпревари од лигашкиот формат. За макеоднската јавност убедливо најинтересен ќе биде дуелот на „Паркот на принцовите“ помеѓу францускиот гигант ПСЖ и новајлијата во елитното друштво, шпанскиот преставник Џирона. Домаќинот важи за апсолутен фаворит но се надеваме дека репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски, нема да дозволи реализација на таквото сценарио. Иако се уште се адаптира на новата средина за очекување е младиот напаѓач да добие сериозна минутажа на гостувањето во Париз.

Далеку поголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу шампионоте на Англија и Италија, Манчестер Сити и Интер. Пресметката на „Итихат“ ќе биде еден вид на реприза на финалниот натпревар во ЛШ од 2023 година кога „граѓаните“ забележаа минимален триумф и за првпат во клупската историја го освоија „пехарот со уши“.

-Сите сме запознаени со распоредот, знаеме што не очекува во следниот период. Се враќа и Лигата на шампиони и затоа мора напорно да работиме, само така ќе се вратиме во посакуваната форма. Мислам дека ремито против Монца нема да влијае на нашата игра на гостувањето во Манчестер, а потоа ќе мислиме на Милан, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

Денеска на програмата: Болоња – Шахтјор Д, Спарта Прага – РБ. Салцбург, Селтик – Слован Б., Клуб Бриж – Борусија Д, Манчестер С. – Интер, ПСЖ – Џирона.