Интер на чекор од Тонали

33

Италијанскиот калчо гигант Интер е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на италијанскиот второлигаш Бреша, Сандро Тонели. Репрезентативецот на Италија не планира да игра во Серија Б и затоа побара од клупските челници да биде продаден за време на летниот преоден рок. Раководните лица на Интер веќе му понудиле 5-годишен договор кој му гарантира годишна заработка не помала од 3.5 мил. евра.