Интер намерно му попушти на Јувентус

133

Клаудио Лотито, контроверзниот претседател на римскиот калчолигаш Лацио, индиректно ги обвини Јувентус и Интер, дека го наместиле последниот нивни меѓусебен дуел.

Првиот човек на „светлосините“, смета дека фудбалерите на Интер не се труделе колку што треба на натпреварот кој беше одигран на „Алијанц арена“.

  • Ние имаме еден бод помалку од Јувентус и тоа поради таа нивна победа над Интер. Ве молам, дали видовте како изгледаше тој натпревар, изјави Лотито во последното интервју кое го даде за италијанските медиуми.

Дерби пресметката помеѓу вечните ривали беше одиграна на 8. март, кога Италија веќе имаше сериозен број на починати поради смртоносниот вирус Ковид-19. Дуелот во Торино беше одигран без присуство на публика, а по натпреварот кој заврши со триумф на „старата дама“ од 2:0, италијанските медиуми напишаа дека играта на Интер била бледа и непрепознатлива.

Таквата изјава на претседателот на Лацио предизвика експресна реакција од италијанските власти кои веднаш побараа да се расчистат сите пријавни неправилности, но потврдија дека е можно да има и официјална истрага. Челниците на Лацио пред неколку дена потврдија дека ќе има тужба за новинарот на „Газета дело Спорт“, Себастијано Вернака, кој напиша текст со кој го посрамоти првиот човек на „светлосините“.

Според последните информации кои пристигнуваат од кабинетот на Министерот на Спорт, Серија А би требало да продолжи на 13 или на 20. јуни.