Инсиње по секоја цена

58

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Репрезентативецот на Италија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а преговорите околу продолжувањето на соработката се во прекин поради желбата на крилниот напаѓач да има годишна плата од 5.5 мил. евра што е за два милиони евра повеќе од таа која му ја нудат челниците на Наполи.