Инвестирани 3 милиони денари во клоновите на градинката „11 Октомври“

62

Инвестирани се 3.000.000 милиони денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“, со што е подигна квалитетот и условите во детската градинка.

-Опремени се 10 занимални со комплетно нови столчиња и масички, нови подлоги, шкафчиња, нови дидактички играчки. Исто така набавени се и нови специјализирани интерактивни табли за децата во градинките. Изградено е и посебно детско игралиште наменото за двата клона во населеното место Бутел 1 – соопштија од Општина Бутел.

Оттаму најавуваат дека следува градежна експанзија, како и реализација на многу нови проекти.

-Нема да биде заборавено ниту едно населено место на територија на Општина Бутел. За 18 месеци од сега ќе биде завршено училиштето во Визбегово, оваа година ќе започне и со изградба детската градинка „Св. Климент Охридски“. Но она што сакам да го истакнам е дека се обезбедени средства за доградба во ООУ „Ацо Шопов“ – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој додаде дека многу брзо ќе започне и целосна реконструкција на улицата „Бутелска“, а во текот на оваа година ќе се реконструира и улицата „Радишанска“.

Во текот на оваа година, покрај тековното чистење, ќе започнеме и уредување и изградба на речното корито на река Серава во должина од 1 километар во населеното место Радишани – нагласи Костовски.