Петкратниот светски шампион Хорхе Лоренцо преговарал со Дукати за враќање во Мото ГП шампионатот наредната сезона. Шпанецот изненадувачки го најави своето повлекување минатата година по лошата сезона во Хонда, потенцирајќи дека повеќе не е мотивиран.

  • Не помина многу време, Микеле Пире ми испрати порака, половина со шега, половина во реалноста и ме праша дали сакам да се вратам. Сфатив дека постои одреден интерес од Дукати и почнав да ја разгледувам идејата за враќање. Можеби беше поради карантинот или затоа што го заборавив чувството на победа, но тоа разбуди нешто во мене. Почнавме преговори, но што повеќе се приближувавме до потпишувањето, толку повеќе фактори ме натераа да се откажам. По неколкудневно размислување, им реков не, потенцира Лоренцо.