Пакистанскиот суд нареди ослободување на поранешниот премиер Имран Кан со кауција на две недели, изјави денеска неговиот адвокат, откако неговото апсење за наводна измама со земјиште предизвика масовни протести.
Апсењето, кое Врховниот суд го прогласи за „невалидно и незаконско“ еден ден претходно, поттикна нестабилност во нацијата од 220 милиони луѓе, која е зафатена од економска криза, рекордна инфлација и одложено финансирање од ММФ, објави Ројтерс.
Кан ја поздрави наредбата на судот и рече дека судството е единствената заштита на Пакистан против „законот на џунглата“.