Освен тие на Гонзало Игуаин, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигураат и услугите на најдобриот напаѓач во дресот на римскиот калчолигаш Лацио, Чиро Имобиле.
Близок извор од таборот на лондонските “сини” откри дека шефот на стручниот штаб, Маурицио Сари, побарал уште еден напаѓач и дека изборот паднал на репрезентативецот на Италија кој е проценет на околу 30 мил. евра.