Има 6 години и армија од обожаватели: Малата Русинка е прогласена за најубаво девојче на светот

29

Додека многумина шестгодишни девојчиња си играат со играчки, Анастасија Књазева е зафатена со градење на модната кариера, а многумина ја нарекуваат и најубавото девојче на светот.

Русинката која ја претставува агенцијата “President Kids Management” има Инстаграм профил кој го води нејзината мајка, а на истиот таа има повеќе од 570 илјади следбеници.

Мајката на Анастасија често објавува фотографии од нејзината ќерка од снимањата, но повремено објавува и фотографии од нивниот живот. Секоја фотографија е проследена со коментари за природната убавина и сините очи на малата Анастасија.

Многумина велат дека таа ги следи стапките на францускиот модел Тајлен Блонду која сега има 16 години, а на шест години, таа станала славна поради нејзината убавина. Тајлен е најмладиот модел кој некогаш се појавил во француското издание на модното списание “Vogue”.

Сепак, и покрај огромната популарност на шестгодишната Анастасија, нејзината мајка честопати се наоѓа на мета на критики бидејќи го изложува своето дете на социјалните мрежи на млади години.