Има фудбалер кој Мурињо „не може да го смисли“

1011
epa10191982 Roma's head coach Jose Mourinho reacts during the Italian Serie A soccer match between AS Roma and Atalanta BC in Rome, Italy, 18 September 2022. EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Џенгиз Ундер минатата сезона пристигна како големо засилување во редовите на турскиот гигант Фенербахче. И покрај солидни игри, на крилниот напаѓач му падна мрак пред очите кога слушна дека Жозе Мурињо е именуван за нов шеф на стручниот штаб.

Ундер, кој има 27-години беше отпишан од контроверзниот португалски стручњак кога го носеше дресот на калчолигашот Рома, а истата судбина го дочека и во Фенербахче од каде мора да замине по само една година.

„Не ми треба бидејќи не се вклопува во мојот тим“, биле наводните зборови на „специјалниот“ до управата на клубот, која веднаш почнала да бара клуб за несреќниот Ундер.

Крилниот напаѓач беше поврзуван со враќање во Италија, за неговите услуги се распрашуваа неколку екипи, а Фенер бараше само 10 милиони евра како обештетување.

Сепак, се чини дека нема ништо од најавениот кам-бек на Апенините затоа што од Катар пристигнала задоволителна понуда.

Клубот Ал Араби сака да го види турскиот интернационалец во своите редови. Раководните лица се подготвени да му платат 10 милиони евра на Фенер за неговите услуги, а на самиот фудбалер да му понудат подобри финансиски услови од оние што ги имаше во Истанбул.

Сега се останува на турскиот фудбалер кој има можност да заработи многу добра парична сума во Катар.

Џенгиз Ундер пристигна во Фенербахче од Марсеј во трансфер вреден 14 милиони евра, а на 33 настапи постигна девет гола и запиша три асистенции.

Сепак, без разлика на солидната сезона што ја имаше, навивачите не се задоволни од неговите настапи и не им пречи тој да си замине од тимот на Жозе Мурињо, кој и онака не го „мириса“.