Има надеж за естрадата: Анета Молика во Шведска за Новата 2022 година!

241

Како што дознава весникот ВЕЧЕР од свои извори, популарната и естрадно успешната пејачка со ангелски глас (кој потсеќа на Селин Дион), Анета Молика или поправилно кажано Анета Мицевска за Новата 2022 година заедно со бендот и сопругот Џими настапува во Шведска.                                                                                                  Со Анета се видовме на снимањето на музичката емисија во “Балкан мјузик ТВ“ кај Анита Даева, (каде таа постојано пее и се дружи со гостите) па ни ги потврди овие муабети.
– Точно е тоа, само нека се движи работата, да ја снема короната. Има надеж. Се молам да ни се остварат плановите за Нова година, бидејќи поради страшниот вирус сите тапкаме во место, оптимистички вели Анета. Навистина да се надеваме дека работите кај пејачите одат во подобра насока. (Д.М.) фото:ФБ