Напаѓачот на Атлетик од Билбао, Ињаки Вилијамс, беше гостин во новото издание од шпанската емисија Ла Ресистенција. За време на интервјуто, 24-годишниот играч на водителот Давид Бронкан му откри неколку интересни детали од својот приватен живот.

На самиот почеток од разговорот, Ињаки потенцираше дека е Баскиец, иако има црна боја на кожата. Неговите родители се по потекло од Либерија, од каде поради војната побегнале во Гана, а потоа во Шпанија.

  • Како дојдоа до Шпанија? Ја прескокнаа оградата кај Мелила. Пред тоа мораа да ја поминат и пустината, откри Вилијамс.

Сепак, најголемо внимание предизвика неговиот одговор околу заработувачката и љубовниот живот.

  • Моментално имам помеѓу 5 и 10 милиони евра, а кога е во прашање сексот можам да потврдам дека се сексам четири пати неделно. Исто така можам да ви открија дека сум зависник од видеоиграта Фортнајт и дека не сакам да губам. Не можам да поднесам пораз. Тимските колеги ме викаат Пелена, затоа што по цел ден сум со мојата девојка, додаде поранешниот младински репрезентативец на Шпанија.