Легендарниот шпански фудбалер, Серхио Рамос, и официјално беше претставен како нов фудбалер на Севилја, Централниот дефанзивец се врати во Андалузија по пауза од 18 години.
- Многу сум емотивен ова е специјален ден за мене, се враќам во мојот дом. Со месеци го чекав ова, но на крајот успеавме. Не сакав да одам на ниту едно друго место, сакав да се вратам само дома. Имав долг кон мојот татко, кон мојот дедо, кон навивачите на Севилја и кон Антонио Пуерта кој секогаш остана дел од мене. Ова беше вистинскиот момент за враќање“, изјави Рамос.