Имаа сè и немаа никаква конкуренција

104

Пеп Гвардиола даде ексклузивно интервју за Радио Каталонија, а главна тема на дискусија беше Барселона, каде беше тренер од 2008 до 2012 година и каде освои дури 14 трофеи.

Еден од најголемите иноватори во историјата на фудбалската игра денеска е успешен менаџер на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити. За време на интервјуто Гвардиола застана во одбрана на актуелниот тренер на Барса, Ернесто Валверде, од кого се бара да ја промени омилената формација 4-3-3 и да ја примени формацијата 4-4-2.

  • И јас би се бранел во формација 4-4-2, но тогаш што ќе се прави со Меси и Суарез, како ќе функционираат тие двајца? Мора да се адаптираш на ситуацијата со тие играчи кои ги имаш на располагање. Луѓето зборуваат дека повеќе нема никаква поента. Дали играте добро? Дали сакате да нападнете, сакате убаво да си поминете на натпреварот? Тоа е главната поента, се останато се глупости, изјави Гвардиола.

Иако преовладува мислењето дека неговата Барселона е најдобра во сите времиња, Пеп смета дека тој епитет го заслужува тимот кој беше предводен од Луис Енрике.

  • Таа Барселона, заедно со денешниот Ливерпул, се најтешките противници против кои сум играл, без никаква дилема. Барса под водство на Енрике беше непобедлива, а тоа што го направи со Меси – Суарез – Неимар… Дефанзивната структура која ја имаа, движењето по левата страна со Лео, стратегијата… Имаа сè. Луѓето зборуваа дека Барса го направи тоа, го направи она… Барса освои осум од последните 11 титули во Примера. Треба пред Барса да се постави црвен тепих. Имам една порака за фудбалерите на Барса. Да не го слушаат луѓето кои зборуваат, да ги слушаат само тие луѓе кои се разбираат, додаде Гвардиола.

На крајот од интервјуто Пеп збореше за својот миленик, Лионел Меси и кој играч ќе биде тренер на каталонскиот гигант.

  • Никогаш нема да се појави некој играч кој ќе биде сличен на Меси. Тоа се виде уште кога беше дете. Кога ќе го видиш како прелетува 40 метри со топка, се ти е јасно. Тогаш добиваш една идеа, зошто да не го поставиш поблиску до голот. И понатаму е играч кој ги решава натпреварите, само има научено помалку да се троши и да се грижи за своето тело. Еден ден, Чави ќе биде именуван за тренер на Барса. Не знам кога, но ќе биде. Тој ја има таа страст, очите му светат кога збор за тренинзите, заврши Пеп.