Или е искрена или се фолира? Драгана Мирковиќ не е љубоморна на туѓите пари

157

Популарната и често озборуваната фолк пејачка Драгана Мирковиќ со децении е на самиот врв на балканската естрада, а воедно важи и за една од најбогатите пејачки. Драгана и покрај тоа што е една од најбогатите пејачки не крие од каде потекнува, па редовно го посетува своето родно село Касидол во Србија.
Според податоците на еден сајт Драгана тежи многу, повеќе од 30 милиони долари. Признава дека поради тоа постои љубомора кај нејзините колеги се заради нејзиното финансиско богатство.
-Тоа на некој начин е и комплимент, да ми бидат љубоморни, изјави Драгана. – Мојот сопруг Тони и јас сме луѓе кои само можеме да им помогнеме на колегите, сигурно нема да им одмогнеме. Кога некој што е посбособен од мене има повеќе пари, јас сум пресреќна. Прекрасно е да имаме некој таков, мултимилијардер.                                  Не сум завидна ниту љубоморна на туѓи пари. Се разбира ако се чесно заработени, како што чесно ги заработува Новак Ѓоковиќ или порано групите АББА и Бијело дугме, објасни популарната пејачка. (Д.М.)