Илирида – партија со “големи“ неуставни барања!  

Пред точно четири години, неколку месеци пред кампањата за локалните и парламентарните избори, на тема „федерализација“ бурни реакции предизвика т.н. „тиранска платформа”, што според експертите, и тогаш се косеше со уставниот поредок. Слична ситуација има и овој пат, со барањата кои ги испраќа т.н. Република Илирида. Барањата на движењето „Илирида“ за автономно управување во земјата и за можноста Албанците да имаат своја Република Илирида, во рамките на Република Македонија што, како што велат тие, „е израз на волјата на албанските граѓани“ се неуставни, коментира за весникот ВЕЧЕР, професорката Тања Каракамишева-Јовановска. -Регистрација на политичка партија со неуставни барања не е можна, бидејќи Уставот во член 20, став 3, е повеќе од јасен и вели „Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии НЕ МОЖАТ да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост"

51

Со повици за поголеми права и автономно управување што ќе биде одраз на албанските граѓани, како и пред секои избори, воскреснува идејата за федерализација на Македонија и воведување на таканаречена Втора Република во рамките на Република Македонија. Пред точно четири години, неколку месеци пред кампањата за локалните и парламентарните избори, на тема „федерализација„ бурни реакции предизвика т.н. „тиранска платформа”, што, според експертите, и тогаш се косеше со уставниот поредок. Слична ситуација има и овој пат, со барањата кои ги испраќа т.н. Република Илирида.

Барањата на движењето „Илирида“ за автономно управување во земјата и за можноста Албанците да имаат своја Република Илирида во рамките на Република Македонија што, како што велат тие, „е израз на волјата на албанските граѓани“ се неуставни, коментира за весникот ВЕЧЕР професорката Тања Каракамишева-Јовановска.

-Овие барања не се совпаѓаат со уставно утврдената концепција на државното уредување на Македонија како суверена и самостојна држава, ниту се во согласност со унитарниот карактер на Републиката. Во Уставот не се предвидени автономни области, ниту каква било друга форма на територијална организираност во државата, освен општините. Уставот им гарантира право на локална самоуправа на граѓаните, но не и право на каков било друг вид на политичка или територијална автономија, вели професорката по Уставно право.

Каракамишева ја оспорува и можноста движењето „Илирида“ да се регистрира како политичка партија.

-Регистрација на политичка партија со неуставни барања не е можна, бидејќи Уставот во член 20, став 3 е повеќе од јасен и вели „Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии НЕ МОЖАТ да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост“.

Барањата на движењето „Илирида“, цени Каракамишева-Јовановска за весникот ВЕЧЕР, се спротивни на уставниот поредок на Македонија и поттикнуваат национална нетрпеливост меѓу граѓаните имајќи предвид дека имаат неуставна и незаконска содржина.

Во исто време, од движењето „Илирида“ велат дека веќе ги прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.

„Со цел да се регистрираме како политичка партија и да учествуваме во изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и доколку ги освоиме гласовите на граѓаните, автоматски ќе го формираме Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како Втора Република во рамките на РСМ”, рекле од таму.

Од таму порачуваат дека „населението ќе разбере дека мизерната состојба во која се наоѓаат Албанците денес може да се надмине само со воспоставувањето на Република Илирида како втор столб во оваа држава“.

Минатата недела во Тетово се одржа и дебата за Република Илирида, а целта, пренесуваат медиумите била да се потврди желбата на Албанците изразена на Референдумот од 1992 година – фундаментално решение за функционирање на еднаквоста во РCM одржана минатата недела во Тетово.

– Да се смени положбата и статусот на Албанците во РСМ, бидејќи сме население со компактно ширење и голем демографски број. Со меѓународните норми, Повелбата на ОН и документите на Хелсинки ни следува да имаме автономно управување и Албанците да имаат Република Илирида што е израз на волјата на албанските граѓани, изјавил Неџат Беџети – претседател на Движењето Илирида, пренесе ТВ Клан.

Тиранската платформа, потпишана 2017 година, предвидуваше постигнување целосна јазична еднаквост како и сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб, барања со кои според експертите, се поткопува уставниот поредок на Македонија. Овој документ тогаш беше разбран како услов на партиите на македонските Албанци за влез во која било наредна коалиција со македонска партија. Против „тиранската платформа“ иницијативата „За заедничка Македонија“ со денови демонстрираше во Скопје.                          (Ј.Ц.Г.)