Икарди ни сметаше на нас и ние на него

14

Иако сите релевантни италијански медиуми пишуваат дека Мауро Икарди е исфрлен од првиот тим на калчо гигантот Интер, предводникот на “нероазурите”, Лучијано Спалети, откри што точно се случува со аргентинскиот интернационалец.

  • Никој го нема избркано од првиот тим на Интер, самиот одлучи дека не сака да биде во комбинација за дуелот од Лига Европа против екипата на Рапид од Виена, изјави трофејниот италијански стручњак.

Во вторникот, калчо гигантот преку официјално соопштение потврди дека Мауро Икарди нема повеќе да биде капитен на Интер и дека капитенската летна му е доделена на искусниот голман, Самир Хандановиќ.

  • Станува збор за тешка и болна одлука, но таквата одлука доби поддршка од мене и од сите играчи. Мислам дека сите се задоволни во тимот. Неговото неиграње против Рапид? Мауро е тој кој кажа дека не сака да биде дел од тимот и не сака да патува со нас. Точно дека е многу разочаран, но и на нас ни беше тешко да донесеме една ваква одлука, а уште потешко да му ја соопштиме. Му кажав и после првенствениот дуел против Парма дека имаме проблематична ситуација и дека истата мора да биде решена што е можно побрзо, додаде Спалети.

На крајот од прес-конференцијата, шефот на стручниот штаб откри дека Икарди бил проблем во соблекувалната.

  • Ова што се случи е само потврда на најавата. Ако има некој кој не размислува за позитивен резултат на гостувањето во Виена, тогаш подобро е тој да не патува со нас. Донесовме важна одлука во вистинскиот момент, колку и да е болна. Икради имаше проблем со опкружувањето, но и играчите имаа проблем со него, иако беше капитен, откри Спалети.