Единицата за безбедност во патниот сообраќај во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.
-Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а санкционрани се и 21 други прекршоци- соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.