Пораснав во гадотија, гледав како другите јадат, но сега јас сум шампион!

184

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, беше прогласен за најдобриот играч во Европа во 2021 година, освојувајќи ја титулата шампион на „Стариот континент“, Лигата на шампионите, како и Суперкупот на Европа. Сепак, неговите почетоци во фудбалската кариера биле многу тешки.

  • Собите во кои живеев во кампот беа валкани. Јадевме иста храна три пати на ден. Тушот немаше топла вода, дури ни во зима. Однадвор, локалните банди се обидуваа да не ограбат. Но, најлошото беше кога тетката задолжена за чистење престана да работи. Нема убав начин за тоа да се објасни, но кога одите во тоалет… знаете. Ако ставите хартија во тоалетната школка, таа ќе се заглави, па затоа ја ставаа во канта, а таа не бешее чистена со недели. Вака изгледаше мојот живот во кампот во Габируба, Бразил. Живеев на 160 киолометри од моето семејство и имав само 13 години. Беше како да сум во војска. Трениравме двапати дневно, па учевме. Педесет играчи спиеја во мали кревети наредени еден до друг. Пред да заминам на камп, ме отфрлија три клуба каде што вежбав. Ми кажаа дека преку споменатиот камп има мала шанса преку менаџер да се стигне до Италија. А кое дете не би сакало да оди во Европа, нели?, започна Жоржињо.

Потоа станувало се попеколно.

  • Еден ден започнаа вистинските проблем во кампот. Тетката отиде затоа што не зема плата, па не поделија во две групи: секоја чисти по еден ден. Така, еден ден се случи групата да не го исчисти тоалетот. И што се случи следниот ден? И другите не сакаа да чистат. Тоа се случуваше со недели, а нечистотијата само се натрупуваше. Не можеше да влезеш внатре, ќе треба да го задржиш здивот. Можеби ќе ве изненади, но таков живот стана нормален за мене. Сериозно. Научив дека луѓето можат да се прилагодат на се, без разлика колку е лошо. Лудо е колку можете да издржите кога немате избор. Кога сакате нешто толку силно – откажувањето не е опција, раскажа Жоржињо.

Играчот од средниот ред се надоврза на фудбалските денови.

  • Кога имав пет години, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам и јас реков дека сакам да бидам фудбалер. Татко ми тогаш ми објасни дека фудбалот не е она што се гледа на ТВ, дека ќе ме повредува, дека ќе ме расплакува. И повторно ме праша што сакам да бидам. Му реков – фудбалер. Бев подготвен да направам се. Но, неколку недели откако тетката поднесе оставка, мајка ми дојде да ме посети. Отиде во тоалет. Кога се врати, ми рече да си ги соберам работите за да ме врати дома. Знаеше дека тоа е мојот сон, но не сакаше да живеам на тој начин. И реков дека ќе ја обвинувам до крајот на животот ако ме натера да си одам дома. Почна да плаче. Ова е моја шанса. Не ми е грижа што страдам. Можам да јадам иста храна 10 дена, да одам во валканиот тоалет. Не е ништо, и реков. Таа само ме гледаше. И повторно почна да плаче. Тоа е еден од најтешките моменти во мојот живот. Таа не беше една од мајките кои не го разбираа фудбалот. Не, пријателе. Таа ми го даде целиот талент. Знам дека татко ми се лутеше кога го велев тоа, но, татко ми знаеше дека е вистина. Таа потекнува од фудбалско семејство и денес игра фудбал. Играше фудбал со мене на плажа. Таа ми објасни како да стапам кога шутирам, вели Жоржињо.

Потоа се појавила светлината од тунелот.

  • По две години, пристигнав во Верона. Ме ставија во стар манастир со уште петмина играчи во соба која имаше само три кревети. Но, јас бев возбуден. Бев во Италија. Сега се е можно! Живеев со 20 евра неделно што ги добивав од менаџерот. Петмина делевме паста за заби, шампион, дезодоранс. Одев за да купам милкшејк во Мека. Тоа чинеше еден долар. Помфрит? Плескавици? Заборавете, тоа е само за богатите деца. Седев на скалите зад аголот и само… гледав. Така живеев година и пол. Ми „пукна филмот“. Сакав да си одам дома. Ја викнав мајка ми и таа ми рече дека вратата ми е затворена. Бев шокиран. Можете ли да замислите дека мајка ви ви кажува нешто такво. Му се јавив на татко ми, но и тој ми го кажа истото. Подоцна, ми се јавија, ми рекоа дека веќе сум стигнал до тренинг со професионалци и дека не треба да се откажам. Мојата постара сестра подоцна ми рече дека мајка ми плачела по разговорот. Фала му на Бога, моите родители беа храбри. За среќа, ги слушав. Во секој клуб се мачев на почетокот. Имаше многу критики и во Челзи. Но, сега седам како шампион во Лига Европа и Лига на шампиони. Така, имам само едно да им кажам на сите критичари: „Благодарам“. Навистина, ви благодарам на сите. Не јадев на денот на финалето во Лигата на шампионите, бев премногу нервозен. Секоја секунда траеше по еден час. Тоа беше мојот најдолг ден во мојот живот. Но, кога мечот започна, размислувате што треба да направите. Кога судијата го отсвире крајот, јас паднав и почнав да плачам, како мајка ми која плачеше