Израелски министер ги спореди мешаните бракови со холокауст

51

Новиот  израелски министер за образование Рафи Перец ги спореди мешовитите бракови на Евреите во Северна Америка со холокаустот.

Неговиот портпарол потврди дека тој на седница на израелската влада рекол дека „асимилацијата е како холокауст“.

Перец е лидер на верска националистичка партија и поранешен рабин во израелската војска. Поголемиот дел на американската еврејска заедница им припаѓа на полибералните струи, додека меѓу израелските Евреи преовладува ортодоксниот јудеизам.