Израелски медиуми: Кабинетот за безбедност ја одобри следната фаза од војната

279
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелските медиуми на хебрејски јазик вечерва објавија дека највисокиот израелски безбедносен кабинет ја одобрил следната фаза од војната против Хезболах во Либан, веројатно копнената офанзива за која многу се зборува.

Веб-страницата Ynet објави дека за време на дискусиите, некои министри го критикувале објавувањето на информации за операцијата од американски официјални лица, бидејќи биле запознаени со плановите на Израел.

Во меѓувреме, либанските медиуми објавија дека израелската армија извршила напади врз јужното предградие на Бејрут, Дахија, по военото предупредување до жителите да евакуираат три населби на растојание од најмалку 500 метри, бидејќи се во близина на објектите на екстремистичката Хезболах.