Изнер го стопираше Дел Потро, во финалето го чека Зверев

34

Американскиот тенисер Џон Иснер успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами, откако го совлада фаворизираниот Аргентинец, Хуан Мартин дел Потро.

Изнер го совлада Дел Потро со 2:0 во сетови и ја прекина победничката низа на аргентинскиот тенисер од 15 мечеви по низа.

Тоа за Американецот е четврта победа во вкупно десет меѓусебни дуели.

Изнер до сега има трипати настапено во финале на Мастерс турнирите, но нема титула бидејќи беше поразен во трите наврати.

Првпат по 2010 година Американец ќе се бори за титулата во Мајами.

Во вториот полуфинален натпревар Александар Зверев со 2:0 во сетови го совлада и Пабло Карењо Буста и си обезбеди место во финалето, кое се игра во недел