Изложба на заштитни маски во чешкиот Народен музеј

126

Во чешкиот Народен музеј се отвора изложба на маски што се носеа како заштита во текот на пандемијата од вирусот корона.

Чешката влада ја воведе обврската за носење маски меѓу првите, а од понеделник носењето заштитни маски ќе биде обврзно само во јавниот превоз и институциите, вклучувајќи ги и музеите.

Поради голема побарувачка на почетокот на епидемијата, како и поради недостиг на индустриски произведени маски, луѓето од целата земја почнаа да ги прават дома.

„Денес тоа е огромен број маски, тешко е да се каже што би требало да им се остави на идните генерации. Маските се симбол на ситуацијата, вели кустоската Мира Буријанова, пренесува Ројтерс.

Една од маските што се изложени ја изработиле деца со аутизам.

Во Чешка се регистрирани 8.725 случаи на вирусот корона, а починале 304 лица.

Извор:www.todayonline.com