Изложба на академскиот уметник Зоран Арсовски – Бабата во Књажевац

51

Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата денеска ќе ја реализира својата самостојна изложба во „Големата уметничка галерија во домот” во Књажевац, Србија и истата ќе биде отворена наредните две недели.

Арсовски претходно ја отвори изложбата во престижната „Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан” во Белград со наслов „Тектонски пореметувања”.

Зоран Арсовски – Бабата е роден во Куманово. Магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Оваа изложба ќе му биде девето самостојно претставување пред пошироката јавност. Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.