Во галеријата „Кора“, во Скопје од денеска до 14 јули ќе бидат изложени делата, акварели на познатата македонска сликарка Марија Светиева. Ова е нејзина 48. самостојна изложба, насловена „Македонски пејзажи“, на која ќе бидат изложени 30 дела.  – Според Светиева изложбата за нејзе претставува интимен говор на битието. Како што вели, самиот спектар на бои ги дополнува формите и пределите на нашето поднебје. Та посочува дека додека сликала била инспирирана од  природните убавини на: Пелистер, Јакупица, Кратово, Охрид, Дојран, Преспа…

Светиева е член на ДЛУМ и добитничка на голем број награди и признанија. Учествувала на 290 групни изложби низ целиот свет, а има добиено 17 награди за графика и цртеж и тоа во: Франција, Италија, Шведска, Јапонија, како и во Македонија.

Плакатот за изложбата го дизајнираше нејзиниот син Виктор Бранѓолица.