Изет Меџити сака да биде вицепремиер

3963

Порталот на албански јазик, Алмакос, повикувајќи се на извори од ДУИ дознава дека по бунтот од завчера, во Мала Речица сега е постигнат мир. Така, според изворите на порталот, Бујар Османи ќе биде оставен надвор од игра, и на негово место ќе дојде Изет Меџити како вицепремиер, додека Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи (функција што претходно беше планиран да ја извршува Османи).

Ова е потврдено со фактот дека денес Собранието треба за започне седницата за да се гласа за реизбор на Талат Џафери за втор мандат на функцијата спикер, а  на предлогот за избор на Џафери, според информациите во медиумите се потпишале  и двајцата пратеници  од ДУИ, Изет Меџити и Арбен Зибери.