Изгорениците треба да се лекуваат што е можно поскоро, а сега ви ги откриваме најдобрите домашни лекови кои можат да ви помогнат со ова
Ако и вие заборавивте колку е силно сонцето додека уживавте во сончањето, а сега ве мачи црвена и болна кожа, помогни си со некоја од намирниците што ги имаш во кујната.
Освен што веројатно ви се лесно достапни, овие намирници се исто така многу ефикасни во санирање или значително ублажување на опасното оштетување на кожата што подоцна може да го предизвикаат изгорениците од сонце.
Овесна каша
Направете освежителна купка во кадата и додадете две до три чаши мелена овесна каша во водата и сè добро измешајте. Почекајте 10 минути, а потоа легнете во када и уживајте во следните 20 минути до половина час. По капењето, исплакнете ја кожата со ладна вода.
Овесната каша ќе ја смири кожата и ќе го ублажи горењето и иритацијата на кожата. Исто така, оваа здрава храна ја чисти површината на кожата и помага таа побрзо да зарасне.
Домати
Антиоксидансите од доматите се добра превенција против инфекции на површината на кожата која е оштетена поради изложување на силна сончева светлина.
Извадете ги доматите од фрижидер, излупете ги, па исечкајте ги на сецко или изгмечете ги со вилушка за да станат кашести. Додека е ладно, нанесете ја смесата на изгорениците и оставете ја да отстои половина час, а потоа отстранете ја со влажна крпа.
Краставици
Сите знаеме колку е ефикасна маската од краставица за сува кожа на лицето. Бидејќи ја стимулираат циркулацијата и природно ја враќаат влажноста на кожата, краставиците се одлично решение и за изгореници од сонце.
Ладната краставица исечкајте ја на прстени, а потоа распоредете ги преку изгорената кожа. Оставете ги да отстојат 15-20 минути, а потоа заменете ги со нови, поладни намотки и повторете ја постапката уште еднаш.
Јогурт
Нанесувањето јогурт е добро познат метод за лекување на изгореници од сонце бидејќи ги ублажува симптомите како горење и затегнување на кожата.
Критичните места можете да ги премачкате со подебел слој ладен јогурт, а доколку сакате да го подобрите ефектот, можете да измешате јогурт со овесна каша или дури и да намачкате јогурт и врз него да наредите краставици. Во секој случај, чувајте ја смесата околу 15 минути, исплакнете со ладна вода, а постапката повторете ја по еден час.
Јаболков оцет
Оваа магична течност прави чуда за вашата кожа, особено ако е оштетена од сончевите зраци. Јаболковиот оцет ќе ги отстрани штетните бактерии од површината на кожата и ќе и овозможи на кожата да го врати балансот на pH нарушен со сушење.
Измешајте половина литар ладна вода и половина шолја јаболков оцет, со оваа смеса натопете памучна пелена и со неа покријте ги изгорените делови од телото. По 15 минути, повторно намокрете ја крпата и повторете го третманот.
Компир
Кога ќе ја ставите раката на изгорените делови од сонце, се чувствувате како кожата да ви гори, а познато е дека компирот е добар природен лек за „извлекување“ на температурата. Покрај тоа, овој зеленчук делува и како природен аналгетик, односно природен лек за болка.
Излупете го компирот и исечете го на тенки парчиња или изрендајте го и ставете го на болни места. Покријте со тенок чаршав или пелена и оставете да отстои најмалку 20 минути.
Сода
Ако поголемиот дел од телото ви е изгорено, тогаш наполнете ја кадата со млака вода и во неа ставете половина шолја сода бикарбона. Легнете во таа вода и останете во неа околу десет минути.
За помали изгореници нанесете облоги од ладна вода во кои сте раствориле сода бикарбона и чувајте ги околу 15 минути. Ова го правите неколку пати на ден.