Ракометарите на ППД Загреб пропушти голема шанса да освојат најмалку бод во дуелот со германскиот бундеслигаш Флензбург, во рамките од Лигата на шампионите, откако минимално беа поразени со 26:25. По овој пораз нокаут-фазата е речиси готова работа.

Но тренерот Веселин Вујовиќ, кој одлично го постави тимот и го препоти бундеслигашот беше револтиран од исландските судии и истакна дека критериумот не бил изедначен.

-По 40 години јас и понатаму не ги знам ракометните правила кои господата од Исланд ги интерпретираа. Но, сигурно некој од одговорните ќе го увиди тоа. Нека ми објаснат како во последните 30 секунди свират седмерец на центар, а не го сопираат времето во последните 10 секунди. Баш дрско, нека ми објаснат зошто, а не да коментираат како Вујовиќ се однесувал. Задоволен сум како одигравме. Нашите шанси сега се сведени на невозможна мисија. Штета што не освоивме барем бод, изјави Вујовиќ.

Хрватскиот шампион следниот меч го игра против Алборг на домашен терен, а потоа следат дуели со Барселона и ПСЖ на гости.

Францускиот Монпелје, кој се натпреварува во групата со Вардар, зададе удар и со гол во последна секунда на домашен терен го совлада Киелце со 25:24.

Најдобар кај победникот беше Дескат со десет гола, а Вилемино даде шест, а кај Киелце, Кулеш и Морито имаа по пет гола, а не помогна одличната партија на Волф со 15 интервенции.

За Монпелје ова беше шеста победа во Лигата на шампионите и сега е на третото место. Киелце, падна на четвртата позиција.

Ракометарите на Веспрем пак запишаа нови бодови откако на гостински терен го совладаа Порто со 31:24.