Ракометната Суперлигата од наредната година ќе се игра во нов формат и со четири нови клубови. Така, наместо стандардниот систем со десет екипи во регуларниот дел, сега за плеј-оф ќе се борат четиринаесет, кои ќе бидат поделени во две групи.

Денес во Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во елитното друштво.

Група А: Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Голден Арт КЛ7, Охрид, Радовиш, Пролет

Група Б: Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот, каде ќе играат само најдобрите три екипи од секоја од групите. Сезоната во Суперлигата би требало да започне кон средината на септември.

Фото: РФМ