Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“

43

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се  запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија излета и се запали.

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.