За жал, сите коцки во животот секогаш не се поклопуваат, а најдобар доказ за тоа е поранешниот кошаркарски репрезентативец на БиХ, Самир Лериќ (47), за кого се вели дека „срцето го остава на терен“ , па затоа беше омилен меѓу босанските фанови. Тој го носеше дресот на „змејовите“ цели 12 години, играше на дури пет Евробаскети, но животот не го галеше толку многу по крајот на неговата играчка кариера, особено од почетокот на финансиската криза која настана поради пандемијата на коронавирус.

„Ослободење“ пишува дека Семир Лериќ сега е ангажиран во атипична окупација за поранешен професионален спортист – тој чува и доставува производи во рамките на сараевската компанија.

  • Тоа е компанија од областа на прехранбената индустрија и многу е изненадувачки што Лериќ се реши за оваа работа, со оглед дека има одлично искуство во кошарката како играч, но и фактот дека има диплома за спортски тренер, наведува весникот од Сараево.

Самир Лериќ играше на позицијата центар и тоа за бројни клубови во текот на неговата кариера (Анкара, Пивоварна Лашко, Полонија…), додека кариерата ја заврши во 2012-13 година во дресот на Босна.

Поради фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа како Лериќ носи гајба, многумина коментираат дека Кошаркарската асоцијација на Босна и Херцеговина треба да се справи со неговиот случај, особено ако се знае што тој дал за репрезентацијата.

  • Мислев дека ќе останам во спортот засекогаш, но во овие времиња ништо не може да се предвиди со сигурност. Една врата за жал е затворена таму каде што направив најдобро, но се отвори нова. Спортски работник тешко може да си дозволи да не работи половина година, како што е случај сега во моментот на ситуацијата која настана поради ковид-19, истакна Лериќ за „БХБаскет“.