Игор Јанушев: На 12 април ќе му се стави крај на безредието и криминалот

47

СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните. Власта наместо народот, ги штитеше криминалците, обвини на прес конференција опозицискиот генерален секретар Игор Јанушев.

-Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност. И тоа на СДСМ и Спасовски им пречи. Затоа што тие се навикнати да функционираат во криминална средина. Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите кое беше купено од претходната влада дека е изгребано од мачки, рече Јанушев.
Задача на техничките министри ќе биде се што им било одземено на граѓаните како што е случајот со возилата од МВР.
СДСМ и Оливер Спасовски, рече јанушев, во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз.