Ивермектин – дали е корисен или е опасен лек?!

55

Таблетите Ивермектин се регистрирани во седумдесетите години од минатиот век за лекување на паразитски заболувања кај луѓе и кај животни. Постои и крема Ивермектин со која се стретираат некои кожни заболувања. Во потрага по што поквалитетен лек против ковид, и Ивермектин се најде на листата, но неофицијална.

Истражувањата за овој лек почнаа пред една година и засега, официјално, никаде во светот лекот Ивермектин не доби дозвола за лекување од ковид.

Американските здруженија покренаа серија истражувања, но досегашните резултати од клиничките испитувања се контрадикторни. Ставот на американската регулаторна агенција за лекови е дека нема доволно докази за да може лекот Ивермектин да се применува во превенција и терапија против коронавирусот.

За да се најде во протоколот за лекување на ковид-19, Ивермектинот како и сите други лекови за хумана употреба, мора да помине ригорозни контроли и долготрајни испитувања. Со оглед на тоа што овој лек е веќе половина век во употреба, резултатите во однос на неговата ефикасност во лекувањето на ковид-19 би можеле да бидат познати наскоро.

„Не едоволно потврдена ефикасноста и безбедноста на овој лек врз луѓето, па со самото тоа, можни се несакани појави кои може да бидат многу опасни, од одредени реакции до фатални исходи“ – предупредува директорот на српската Агенција за лекови, Саша Јаќовиќ.

Додека не се направат комплетните испитувања, никој со сигурност не може да каже што може да им се сличи на луѓето кои ќе го земаат на своја рака овој лек против паразите.