Вокалистот на „Либеро бенд“ среќната вест ја објави на социјалните мрежи, а покрај тоа ја покажа и својата убава сопруга, Ивана Зимбова, која му е имењачка, а е охриѓанка.
За приватниот живот на Иван не се знаеше многу по раскинот со пејачката Антониа Гиговска, но сега пејачот ги „почасти“ своите следбеници со најновите случувања во неговиот приватен живот.
Иван и Ивана не кријат дека се пресреќни што чекаат бебе, а полот го дознаа на симпатичен начин. Имено, двајцата отворија кутија полна со балони, чија боја го откри полот на бебето.