Иванов не бил поканет на свеченоста на НАТО! Влада: Иванов бил поканет!

39

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов  соопштија дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада. Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Од Владата  велат дека претседателот, Ѓорге Иванов, бил поканет да присуствува на денешната свеченост пред Влада на која беше подигнато знамето на НАТО.