Ибра договори нова гол машина за Милан

928

Заминувањето на Оливие Жиру од Милан веќе беше најавено порано, па „росонерите“ веднаш тргнаа во потрага по нов напаѓач, а се чини дека благодарение на Златан Ибрахимовиќ истиот веќе е пронајден.

Наводно, Ибра дал зелено светло за потписот на словенечкиот интернационалец Бенјамин Шешко, а челниците се уверени дека можат да најдат заеднички јазик со раководните лица на РБ Лајпциг.

Милан претходно беше поврзуван со Јошуа Зиркзе од Болоња, но се чини дека во моментов словенечкиот репрезентативец е на врвот на листата со желби кога е во прашање нападот. Како што пренесува „La Gazzetta dello Sport“, Шешко ги „убедил“ сите челници на Милан, вклучувајќи го и советникот на RedBird, Ибрахимовиќ.

Високиот напаѓач е извонредно граден, но има завидни технички способности. Впрочем, тој има само 20 години и веќе има големо искуство, па би можел да биде совршено решение во нападот. Шешко оваа сезона за Лајпциг постигна 16 гола на 40 натпревари, од кои два во Лигата на шампионите.

Во неговиот договор има ослободителна клаузула од 50 мил. евра која може да се искачи на 75 мил. евра, но Милан верува дека нема да мора да ја плати целосната клаузула за ослободување за да го обезбеди неговиот потпис на лето.

„Газета дело спорт“ пренесува дека за словенечкиот репрезентативец се заинтересирани и неколку странски клубови, но во Милано се убедени дека тој ќе ја прифати нивната понуда.