Зошто Северина замина од куќата на свекорот Кеба?

25

Деновиве низ српската естрада, а со тоа и на балканската околку причините за заминувањето на Северина Којиќ од семејната куќа на родителите на нејзиниот сопруг Игор, се крена голема узбуна. Каде тоа ќе оди пејачката, сигурно на улица нема да остане! Назад во својот Сплит? Ни случајно. За неупатените Северина и Игор во таа навистина убава и голема куќа во Белград, живеат од како се во брак, а тоа значи под истиот покрив со мама и тато на Игор.

– Е, сега е доста веќе, рекла Северина пред некој ден после една домашна расправија, наредувајќи му на Игор дека ако тој не сака, таа ќе си замине од домот на семејството Којиќ. Меѓутоа, слушајќи ја Северина, приказната е сосема поинаква, бидејќи за нејзиното заминување од домот на Којиќи, српските медиуми пишуваат секакви стории. – Јас и Кеба никогаш се немаме скарано, тој е најдобриот свекор на овој свет. Се што се пишува за нас, нормално дека е трач во кој немојте да верувате. Со Игор донесовме таква одлука, да се одселиме од домот на мама и тато, време е да имаме нешто свое, свој кров над главата и ако рака на срце мене ништо не ми пречеше во комуникациите со мојот свекор и свекрвата, јас нив ги обожавам, рекла Северина. Да и веруваме?   Д.М.