Зошто не е здраво да се јаде навечер?

85

Жените кои во текот на вечерните часови консумираат поголем дел од дневниот внес на калории, се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, се вели во неодамнешната студија спроведена во САД.

Во истражувањето на научниците од универзитетот Колумбија се опфатени 112 жени, на просечна возраст од 33 години.

Студијата била спроведувана една година, а податоците покажуваат дека постои поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања кај жени кои консумираат поголема количина на дневен внес на калории после 18 часот.

Резултатите покажуваат дека повисоките количини калории внесени во вечерните часови го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок и зголемена телесна маса.

„Досега истражувањата за срцеви заболувања се фокусираа на она што, и во кои количини трошиме. Ова истражување ни покажа дека може да биде важно и кога јадеме “, наведуваат од Универзитетот Колумбија.

Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на состанокот на American Heart Association, што ќе се одржи во Филаделфија од 16-18 ноември.