Зошто младите го сакаат Таско, кој не поднесува лицемери и оние кои зад грб “ставаат“ ножеви!

78

“Mногу си ги сакам моите фанови. Без нивната љубов не би бил тука каде што сум сега….“

Оваа сабота во скопската спортска сала “Борис Трајковски“ македонските фанови се во исчекување на големиот концерт со популарниот Раста (кој, приватно, е поранешен маж на пејачката Ана Николиќ), а специјален гостин ќе му биде нашиот Таско (Кристијан Тасковски). И сето тоа во организација на “Балкан-медиа“. Таско деновиве промовира и нова песна и нов спот. “Амнезија“ е насловот на песната, а таа е во трап стилот. Во спотот Таско е по долна облека, а се појавува со моделот Наташа Неделковска или попозната како Таша Реј. Атрактивна девојка, голема љубителка на тетоважите. Едноставно ја сака уметноста на тетовирањето…Заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание, мамејќи воздишки……Спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски. Песните на Таско имаат милионски прегледи на Јутјуб каналот и дефинитивно важат за еден “нов бран” во македонската музика. Пред настапот на Таско, еве неколку интересни информации за него:

-Многу си ги сакам моите фановите. Без нивната љубов не би бил тука каде што сум сега. Идеите за песните ми доаѓаат во зависност од самиот проект. На пример, некои песни се направени за еден саат, додека некои трпат промени до последната минута. Некогаш знае тоа да биде доста исцрпувачки, меѓутоа тоа ми е работа. Го работам сè ова со љубов!
Јас обожувам живи настапи, енергијата на настапите секој пат ми е различна. Затоа мојата позитивна трема е присутна секогаш иако приватно сум многу позитивен лик кој во себе има многу смисла за хумор. Јас сум лик кој најмногу го сака летото, морето, плажите, мразам зима и снег. Инаку, покрај публиката ги сакам моите најблиски, мојот брат, моето куче Рас. Имам желба еден ден да заминам во Њујорк, а водата и мобилниот се некои од тие работи без кои не би можел да живеам. А, да, и тоа… цигарите ќе ги оставам, еднаш засекогаш. Човек сум кој не поднесува лицемери, луѓе кои ти се смеат во лице, а зад грб “ставаат“ ножеви, раскажал Таско за себе и своите работи од секојдневието.