Зоран Ставрески се враќа во политиката – ќе ги мониторира градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

133

Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски и негов тогашен близок соработник, Зоран Ставрески се врати во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелниот лидер на паријата, Христијан Мицкоски вчера формираше работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалнците од нивните редови.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Христијан Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски.

Откако Ставрески си даде оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во 2016 година, не беше присутен на политичката сцена.