Знаци со навредлива содржина за ДУИ во Тетово

70

Тетовската полиција денеска соопшти дека ќе се бараат лицата кои ноќта помеѓу средата и четвртокот поставувале знаци со навредлива содржина за политичка партија.

На фотографиите кои се споделуваат на интернет социјалните мрежи на знаците се гледа натписот: „Јавна куќа ДУИ 18+ 1000 м“, на албански јазик.

– Ноќта помеѓу 10 и 11 овој месец, засега непознати сторители на 10 локации, односно на крстосници во Тетово, на метални столбови од сообраќајни знаци, поставиле дрвени табли со налепници со навредлива содржина, упатена на адреса на политичка партија. Извршен е увид и се расчистува случајот, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Пред извесен период низ Тетово се појавија и графити со написи и пораки исто така насочени за политичката партија ДУИ.