Знам дека навивачите ќе ми судат

144

Најзвучната летна аквизиција на шпанскиот гигант Реал (М), Еден Азар, дефинитино има сезона која нема да ја памети по убаво. Иако беше ангажиран како спасител на „кралскиот клуб“, кој за неговото обештетување одвои 100 мил. евра, белгискиот интернационалец сезоната ја игра под очекуваното ниво, а вината за таквата ситуација мора да се побара во честите повреди.

  • Мојата прва сезона во Реал не беше добра, но не беше и се толку лошо. Ми требаше време да се навикнам. Знам дека навивачите ќе ми судат, околу тоа како ќе се покажам следната. Морам да бидам во одлична форма, изјави Азар.