„Златната топка“ за Меси, весникот ВЕЧЕР единствен медиум од Македонија со право на глас!

57

Аргентинскиот интернационалец и најголема ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Лионел Меси, по седми пат ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс фудбал. По две години пауза, поради пандемијата со коронавирусот, вечерва во Париз по 65-ти пат беа доделени најважните индивидуални фудбалска награди.

На втората позиција заврши бомбардерот на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Роберт Левандовски, а на третата позиција е репрезентативецот на Италија и фудбалер на Челзи, Жоржињо.

Наградата за најдобар голман сосема заслужено ја доби репрезентативецот на Италија, Џиџи Донарума.

Дневниот весник ВЕЧЕР е единствен медиум од Македонија кој со години е дел од специјалното жири на Франс Фудбал кое има право да гласа за најдобар фудбалер и најдобар голман.