ЗК Пелагонија ја продава електраната на биогас во Логоварди

99

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ ја продава централа на биогас во Логоварди со почетна цена од 6,7 милиони евра, објавено е на сајтот на македонската берза.

На продажба се сите удели во оваа централа за производство на електрична енергија, која има инсталиран капацитет за производство на три мегавати струја од биогас.

Гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година.

Цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.