Зимска понуда за Вилшир

24
LONDON, ENGLAND - AUGUST 10: Jack Wilshere of Arsenal during the Community Shield match between Arsenal and Mancheser City at Wembley Stadium on August 10, 2014 in London, England. (Photo by David Price/Arsenal FC via Getty Images)

Предводникот на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Славен Билиќ, повторно побара од клупските челници да испратат официјална понуда за искусниот играч за врска од редовите на лутиот градски ривал, Арсенал, Џек Вилшир.

Иако по пауза од две сезони повторно се врати на “Емирати”, повремениот репрезентативец на Англија редовно ја грее клупата за резервни фудбалери и сериозно размислува за промена на клупската средина.