Зимата е на прагот побрзо од што се чини:Со правилна исхрана до силен имунитет во текот на зимата

35

Се наоѓаме во сезоната есен / зима, што значи дека сме повеќе склони кон вируси и инфекции. Иако е речиси невозможно целосно да ги избегнеме, треба да сториме се што можеме за да го зачуваме нашето здравје. А тоа, се рабира, е најприродно и најсигурно да се почне од умерена исхрана. Вистинско време да се искористи изобилството од сезонски, есенски плодови и да се ползуваат нивните хранливи состојки корисни за одржување на имунитетот нужен да се помине периодот што доаѓа без несакани долгорочни и повратни настинки и вируси.

Витамините – нашите најдобри пријатели

Иако е важно да земате витамини во текот на целата година, треба да обрнете дополнително внимание на тоа за време на постудените денови. Постојат додатоци кои ни обезбедуваат дополнителни дози на витамини, но најдобро е да ги земате со конзумирање сезонско овошје и зеленчук. Зарем уште не сте почнале да уживате во вкусот на мандарините, калинките или есенските јаболката!?

Ништо без топла храна

Велат дека топлата храна не го грее само нашето тело, туку и нашата душа. А како не би било, кога голем дел од нашите спомени од детството се однесуваат на миризливи супи и чорби од кујната на баба ми. Дополнете го ова зимско мени со топли тиквички или чорба од тиква и крем супа по вкус – сигурно нема да зажалите. Не заборавајте да пиете и чај.

Грижете се за вашиот метаболизам

Иако сакаме да уживаме во калорични оброци во текот на есента и зимата, треба да обрнеме внимание на количината на храна и да бидеме умерени. Нема потреба да се одбиваат специјалитети, но важно е исхраната да биде балансирана.

Звучи како клише, но најдобро е да земете „малку од се“, дури и десерти, кои исто така можете да ги подготвите со состојки кои содржат природни шеќери, сурови, здрави и заситувачки кога е во прашање кризата за слатко..

Адекватната, умерена исхрана е исклучително важна за нашето здравје и треба да внимаваме што и колку јадеме секој ден. Се разбира, ова не треба да не оптоварува.

Треба да се обидеме да најдеме баланс во исхраната, да уживаме во нашите омилени вкусови, но и да го зачуваме здравјето.