И под водство на старо-новиот тренер, Зинедин Зидан, актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), бележи очајни резултати во шпанската Примера дивизион. Пред неколку дена „кралскиот клуб“ со 3:1 беше поразен на гостувањето во Сосиедад.

Клупските челници веќе на големо го чекаат крајот на актуелната сезона и стартот на веќе најавената играчка реконструкција. Главен режисер кога е во прашање реконструкцијата е Зи-Зу, но во неговите квалитети не верува легендарниот аргентински голман, Хуго Гати.

  • Зидан ништо не направи кога Реал (М) бележеше само победи. Сè остана исто. Зидан ништо не знае кога е во прашање фудбалската игра. Го имаше Роналдо, Рамос и ги имаше нивните погодоци. Благодарение на тоа Зидан ги освои сите трофеи. Ситуацијата ќе биде идентична и во новата сезона доколку Зидан не ја промени тактиката. Мислам дека ќе биде уште полошо, изјави Гати.

Како предводник на „кралскиот клуб“, францускиот стручњак за две и пол години освои девет трофеи, од кои три во Лигата на шампиони.