Зидан лобира за Фекир

31

Стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Набил Фекир, е најновата желба на новиот предводник на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Зинедин Зидан.

Повратникот на “Сантијаго Бернабеу” веднаш потврди дека ќе направи сериозна играчка реконструкција за време на летниот преоден рок, а во неговиот список со потенцијални засилувања може да се прочита и името на повремениот репрезентативец на Франција. Големата желба на Зи-Зу може да стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 70 мил. евра.