Градските власти на Париз, кои се сопственици на зградата на градскиот Аквариум се наоѓаат на мета на критики на здружението за права на животните поради бројните вечерни забави, побараа од управата на аквариумот да го намали бројот на тие забави.
Градското собрание во текот на викендот соопшти дека побарале од парискиот Аквариум од почетокот на оваа сезона да го намали бројот на забавите, бидејќи се одржуваат во живеалиштето на животните.
Тие здруженија се повикуваат на законот од 2021 година според кој се забранува „претставување животни во ноќни клубови“.
Покрај тоа, аквариумот нема одобрување од полицијата за организирање забави, додадоа од локалната организација за заштита на правата на животните.