Земјотрес во Црна Гора: Се тресеше тлото кај Бар

428

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во областа Шушањ кај Бар, соопштија од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 15 километри, а епицентралниот интензитет бил од четири до пет степени според Меркалиевата скала.

Земјотресот е регистриран 32 минути по полноќ.

Од Институтот наведуваат дека овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.